Не, првата лозинка Abc / Абц секогаш е фиксна и не зависи од кирилица или латиница. Со тоа се проверува дали корисникот има контрола над тастатурата за големи имали букви.
Заглавувањето може да е од две причини, ако интернетот е во прекин, треба да почекате малку или да се обидете да го воспоставите пак. Втор случај е кога намерно или случајно се внесат 2 исти вредности за клучно поле, на пример исто конто во 2 реда кај контата. Тогаш се појавува #23000 Duplicate entry ###, Тогаш најдобро е да излезете без снимање. Во првиот екран во главното мени изберете Документи/Излези без снимање. Програмот ќе се затвори, влезете пак и проверете што е сочувано последно.
Прво проверете дали имате интернет конекција. Најточна проверка е со teamviewer, активирајте го и ако ги добиете бројките на Your_id тогаш имате интернет. Следна причина е антивирусот да Ви го блокира пристапот на интернет, ке мора да побарате асистенција од програмерот. Понекогаш ако интернетот прави премногу прекини во кратко време, серверот автоматски Ве блокира, пријавете на програмерот ке Ви се овозможи работењето. ЗНАЧИ пријавете само ако имате интернет, а не може да влезете во програм !
Може да имате активни конекции толку колку што имате претплати. Вероватно од друг компјутер правилно не е излезено од програмот, со тоа тој останува најавен и пречи на понатамошните конекции. Ако можете сами пронајдете го компјутерот кој треба да биде исклучен, инаку побарајте помош од програмерот. Заостанатите компјутери од претходниот ден не пречат во конекцијата.
Не можете, програмот е организиран така да на еден компјтер во еден момент само една инстанца на MyGPM може да е отворена.
Програмот е предвиден да работи со фиксна резолуција со која се вклупува на лаптоп 15' и затоа бара резолуцијата на екранот да е најмалку 1280x768. Кај мониторите со поголема резолуција приказот може да е со ситни бројки и букви, но тоа може да се корегира со намалување на резолуцијата на графичкиот приказ, на пример место 1920x1080 на 1600x900, во windows7, десен клик на екранот, Screen resolution. Ова може да предизвика малку губење на контрастот. Windows 10 дава подобро решение со ден клик на екранот, display settings, change the size of the text, koregirajte na 125 ili 150%
Најчеста причина е кога поголема резолуција се корегира со зголемен приказ на текстот. Најдобро е да остане на 100% а не 125% или 150%. Windows 10 тоа малку подобро го има решено.
Не се сомневјте во серверот или количината на податоци бидејки серверот минимално е оптоварен со 1-3% и има можности за многу голем капацитет на обработка. Прво проверете го вашиот копјутер со task manager дали во позадина има некои активности. Исправен компјутер во мирување нема скоро никаква активност, до 5%. Втора најчеста причина е интернетот. Интернетот на серверот не е во питање, тој е максимален, најчесто проблемот е кај Вас или меѓу провајдерите. Серверот кајшто се податоците е конектиран на ONE и затоа VIP има најголема брзина. Ако можете проверете ја брзината со друг интернет или од друго место.
По симнување на нова верзија самите windows и антивирус препознаваат дека има нов програм и по првото стартување Ве прашуваат дали да се овозможи пристап на програмот до интернет, Изберете "Alow", (за windows 10 прво изберете "more info", па Alow
Внесените податоци НЕ смеат да се губат. Ако тоа се случува тогаш се губи довербата во исправност на програмот! Можни ситуации се дека полето кое го внесувате не го завршувате со таб туку веднаш е кликнато на X (затвори). Можно е во тој момент да имало прекин на интернетот но програмот треба да застане и да чека на конекција. И не ја исклучувајте можноста колегата од друг компјутер да ги избришал документите. Во секој случај ова е алармантна ситуација и известете го програмерот за да се анализира ситуацијата и да се превземат активности.
Со систем на бекап целата база од сите години и клиенти секојдневно се снимаат на серверот, а еднаш седмично и на оддалечен компјутер. Во најлош случај ќе има губиток на податоците од еден или неколку дена, но тоа сценарио е скоро невероватно. те од Неовластено користење на податоци е абсолутно исклучено како можност. Не може да имате работна верзија на Вашите податоци кај Вас, но може да ги имате во форма на PDF фајлови или Excel табели спремни за пренос на друг програм.
Да, на Ваше барање без никаква обврска може да се постави не Демо туку целосно функционална верзија на програмот и да се даде иницијална обука односно да се посочи на видео корисничките упатства. Ако корисникот продолжи со користење, ќе се направи договор и ќе почнат должничко доверителните односи, инаку ние имаме целосна контрола над користењето така да ако по неколку седмици не се продолжи соработката, едноставно ќе се блокира влезот на корисникот. Јавете се слободно и побарајте инсталација. Ќе одземе 15 минути преку teaviewer 8
Поради неприфатливата политика на Teamviewer за големи цени за ограничен период, за комуникација се користи исклучиво до верзија 8, што значи може помала, но не поголема. На Resources е поставена верзија 8 да не ја барате на интернет.
Не. Ентерот е навика од старите ДОС програми. Новите windows програми користат Таб за следно поле, само програмите кои се работени на windows платформа (microsoft visual studio, access) работат со Ентер, сите останати користат Таб. Инаку тоа е стандарден windows начин за следно поле, Ентерот го активира default означеното копче. Левата рака и така служи само за Esc, Shift и A. Се е навика и за 2 дена ке Ви биде нормално, дури ќе се добие и на брзина. За 1 поле назад се користи Shift+Tab.
Тоа е еден проблем што и на нас не ни се допаѓа но немаме директно решение во програмот. Се случува кога се менува екранот или прави избор и мора често со лев Алт и десен Шифт пак да ја враќате кирилицата. Едно решение е дополнителен клик на En_Mak. Трајно решение е кириличната тастатура да се постави за дефолт. Control panel, Region and language, Keyboards and languages, Change keyboard и промена на првото поле (паѓачки избор) во Macedonian.
Потребно е во . Control panel, Region and language, Administrative, Change system locale да изберете Macedonia. Ќе бара рестарт, а за Windows XP вероватно и инсталационото ЦД.
Проблемот е во инсталацијата односно верзијата на Excel. Највероватно немате целосна (full) верзија на Excelot, најдобро направете преинсталација на офисот, најдобро е верзија 2007, но може и повисока, само да е целосна, платена или кракувана, не слободна од Микрософт.
Може, но не препорачуваме. Со тоа ќе ја изгубите можноста за автоматско нумерирање на следниот налог. Најдобро задржете си чиста низа од бројки, а за поделба користете ги погрупите.
Секое датумско поле мора да се внесе со исправен датумски формат и ранг, не може да внесете 29-15-ат, форматот мора да биде dd-MM-yy или dd-MM-yyyy. Ако годината е друга освен тековната, програмот сам ја корегира годината и со тоа е анулирана можната грешка за понатаму.
Налогот сам се заклучува ако се пушти печатење на налог или се кликне на зелената книга, но само ако е сложен и салдото е на нула односно денарското долгува е еднакво на побарува. Инаку налогот не се заклучува.
Првата е дата на материјалниот прием или излез, а втората е на фактурата. Ако можете поистовете ги датите, инаку првата дата се однесува на материјалниот дел и според неа се подредуваат ставките во материјалната картица и според тоа се пресметува магацинската просечна излезна цена. Втората дата се користи за финансиските книжења.
Шифрата на артиклот е клучно поле. За да се избегнат евентуални неправилности во функционирањето, ако се внесат мали букви или кирилица автоматски се конвертира во големи латиница.
@@@@
@@@@
Ставете код 050 во колоната опд.
Земете го најновиот МПИН.
Во Брутото ставете 0.