Интегрирана сметководствена евиденција

Професионална алатка за професионални сметководители


Универзален дизајн

MyGPM е наменет да ги покрие 85-90% од сметководствените и деловни потреби за евиденција на 95% од деловните субјекти. Доволно едноставен за малопродажно место но доволно комплексен за потребите на сложено производство а во исто време идеален за сметководствено биро. Постои само една верзија на програмот која постојано се надградува. Современиот дизајн на екраните и документите предизвикуваат чувство на ефикасност и перфекционизам при користењето.

Лесен за користење

Веднаш добивате резултати, првиот налог или фактура излегуваат за 30 минути од инсталацијата. Лесно и интуитивно користење со приказ на потребните информации и пристап на поврзаните активности на истиот екран, без непотребни скокања во други екрани.

Клауд брзина и сигурност

Клауд системот обезбедува брза обработка на голема количина на податоци. Практично имате чувство дека базата се наоѓа на Вашиот компјутер. Сигурноста и конзистентноста на податоците се решени со користење на професионален сервер и систем на бекап.

Основни елементи на евиденцијата

Финансиска евиденција
Материјална евиденција
Пресметка на плати

+ производство, основни средства, благајна, кадровска евиденција, архива, трезорско плаќање

специјално дополнување: транспорт, текстил

Сите модули (без специјалните) се достапни без ограничувања !

"Уште еден" програм за книговодство ?!

Клиентите кои за прв пат се сретнуваат со програмот очекуваат "уште еден" програм за книговодство, но веднаш забележуваат дека станува збор за нешто многу фино и функционално. Практично уште на почетокот се покриени сите активности кои досега ги работеле, само многу подобро решени и забележуваат дека има уште многу други корисни работи. Ништо не е случајно. MyGPM е последната стапка од еволуцијата на развојот на сметководствениот софтвер во кој е акумулирано три-децениско искуство во сметководствената проблематика во комбинација со новите софтверски достигнувања.

Второто пријатно изненадување е цената! Постигната е најмала цена на пазарот на софтвер без намалување на функционалноста. Се плаќа користењето на сервисот од активен компјутер по месец, со цени 560 ден со ддв за сметководствени бироа или 700 ден со вклучен ддв за останатите комерцијални корисници.

Подршката е стандардно добра со цел корисниците да се посамостојни во кристењето.

Инфо-Софт

Специјализирана софтверска фирма присутна на домашниот и странскиот пазар на софтвер за десктоп и мобилни платформи, Windows, Android i iOS

Услови за користење
Политика на приватност
FAQ
Old site

Контакт

  • тел.:
    078 315 975 / 078 315 875
  • Email:
    info@mygpm.com.mk
  • Aдреса:
    Скопска 21
    2300 Кочани