Дизајниран за ВАС

Целосна подршка во креирањето и евидентирањето на деловната документација

Почувствувајте ја моќта на cloud computing!

Ќе Ви се отворат видици и идеи и ќе внесете позитивна промена во Вашето работење и живот.

Што нудиме

Нудиме решение на Вашите проблеми.

Сценарио 1: Имате тековен програм во кој добро сте вклопени, имате брзина и сигурност и знаете што ќе добиете како резултат. Но малите недостатоци со време постануваат поголем ненадминлив проблем. Никаков апдејт, новите промени не се следат, програмот е технички застарен и ве ограничува во услуга која треба да ја понудите. Се повеќе користете excel за табели и пресметки кои Ви се неопходни а ги немате во програмот. Подршката колку и да е добра, не ја добивате во критичните моменти. Се ограничувате во прифаќањето на нови клиенти зошто го надминувате капацитетот кој може да го сервисирате. Колегите зборуваат за новите можности на нивните програми. Имате чувство дека времето ве гази. Размислувате за промена !

Сценарио 2: Имате релативно нов програм, можеби cloud. Има многу можности но не ги користете. Ограничени сте на основниот пакет, а за премиум се доплаќа. Функциите не се лесно достапни и прегледноста е ограничена со скокање меѓу прозорци. Има премногу кликнувања за да дојдете до бараното место, потребна е цела наука за да го користете успешно. Надградбите не се ажурираат бргу или за нив се бара доплата. Цената за користење и подршка е висока и тешко се добиваат. Наплаќаат за обично подигање на телефон, се мислите пет пати пред да се јавите. Имате чувство дека изборот на програмот не е најсреќен. Барате информации за други програми !

Резиме: Сите негативни елементи ги надминавме а сите позитивни ги зголемивме. Поставивме надежна платформа за работа која треба да Ви биде стратешки партнер и да Ви обезбеди олеснување, развој и задоволство. Нашите задоволни корисници ни се потврда дека тоа што го нудиме има реална вредност и ќе биде корисно и за Вас. Секогаш во опција е бесплатен тест период со целосна подршка и функционалност без обврска.

Инфо-Софт

Специјализирана софтверска фирма присутна на домашниот и странскиот пазар на софтвер за десктоп и мобилни платформи, Windows, Android i iOS

Terms of Use
Privacy Policy
FAQ
Sitemap

Контакт

  • тел.:
    078 315 975 / 078 315 875
  • Email:
    info@mygpm.com.mk
  • Aдреса:
    Скопска 21
    2300 Кочани