MyGPM е наменет да ги покрие 85-90% од сметководствените и деловни потреби за евиденција на 95% од деловните субјекти. Доволно едноставен за малопродажно место но доволно комплексен за потребите на сложено производство а во исто време идеален за сметководствено биро. Постои само една верзија на програмот која постојано се надградува. Современиот дизајн на екраните и документите предизвикуваат чувство на ефикасност и перфекционизам при користењето.
Веднаш добивате резултати, првиот налог или фактура излегуваат за 30 минути од инсталацијата. Лесно и интуитивно користење со приказ на потребните информации и пристап на поврзаните активности на истиот екран, без непотребни скокања во други екрани.
Клауд системот обезбедува брза обработка на голема количина на податоци. Практично имате чувство дека базата се наоѓа на Вашиот компјутер. Сигурноста и конзистентноста на податоците се решени со користење на професионален сервер и систем на бекап.
Сите модули (без специјалните) се достапни без ограничувања !
Клиентите кои за прв пат се сретнуваат со програмот очекуваат "уште еден" програм за книговодство, но веднаш забележуваат дека станува збор за нешто многу фино и функционално. Практично уште на почетокот се покриени сите активности кои досега ги работеле, само многу подобро решени и забележуваат дека има уште многу други корисни работи. Ништо не е случајно. MyGPM е последната стапка од еволуцијата на развојот на сметководствениот софтвер во кој е акумулирано три-децениско искуство во сметководствената проблематика во комбинација со новите софтверски достигнувања.
Второто пријатно изненадување е цената! Постигната е најмала цена на пазарот на софтвер без намалување на функционалноста. Се плаќа користењето на сервисот од активен компјутер по месец, со цени 560 ден со ддв за сметководствени бироа или 700 ден со вклучен ддв за останатите комерцијални корисници.
Подршката е стандардно добра со цел корисниците да се посамостојни во кристењето.